ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗОТ ОД СКОПЈЕ КОН БИТОЛА НЕ ТРГНАЛ НАВРЕМЕ, ПРИЧИНА ОПОЖАРЕНА ПРУГА

Патничкиот воз кој од Скопје кон Битола според возниот ред поаѓа во 14:30 часот, не е тргнат од железничката станица во Скопје, заради опожарена пруга во близина на железничката станица.

Од железничката станица во Скопје, рекоа дека очекуваат околу 15:30 или 16:00 часот возот да тргни за Битола, преку Велес, Богомила и Прилеп.

Од Центарот за управување со кризи со овие фотографии и информација, информираат дека се работи за пожар на отворено кај Кисела Вода и Аеродром, каде екипи на противпожарната единица и на полицијата интервенираат, заедно со локалното население.

Според возниот ред овој воз во Битола пристигнува неколку минути пред 18:00 часот, но тоа денеска нема да биде случај и се очекува да пристигне подоцна.