ТЕРА

REKLAMA???

ВО АНКАРА РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНСКОТО ЖИТО

Украина објави дека нема да ја деминира областа на црноморското пристаниште Одеса за да овозможи извоз на житни култури, наведувајќи ја заканата од руски напади врз градот.

Министрите за надворешни работи на Турција и Русија вчера се состанаа во Анкара за да разговараат за организирање на безбедносен коридор за пратката на украинско жито заглавено во пристаништата и земјите зафатени од војната поради руската блокада.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да овозможи безбеден премин на украинското жито.

Турција ги понуди своите услуги за придружба на поморски конвои од украинските пристаништа.

Пред војната, Украина беше четврти најголем извозник на пченица во светот и обезбедуваше половина од светската трговија со семки од сончоглед и масло.

Русија испраќа жито од Украина во странство, изјавија официјални лица назначени од Русија во окупираната јужна Украина.

Тврдењето  доаѓа кога украинските власти ја обвинуваат Русија дека украла околу 600.000 тони од нејзиното жито и извезла дел од нив, пренесува Би-Би-Си.

Русија негира дека краде жито.