ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ЗАПОЧНА ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 110-ГОДИШНИНАТА ОД КАЈМАКЧАЛАНСКАТА БИТКА

Денеска во Битола со полагање свежо цвеќе на српските воени гробишта официјално започна комеморативната програма за одбележување на 110-годишнината од кајмакчаланската битка, еден од најзначајните и најсуровите воени судири на солунскиот фронт за време на Првата светска војна.

Организатор на оваа дводневна манифестација е Заедницата на Србите во Македонија – Битола.

Заблагодарувајќи се на сите посетители , претседатело Зоран Жугич потсети дека пред триесет години на ова одбележување имаше многу помалку присутни, а сега се повеќе членови на српската заедница но и граѓани на Битола се присутни на одбележуавњето. „сите знаете што е Кајмакчалан, знаете што значата српските воени гробишта овде, кадешто лежат коските на нашите јунаци. Ако не беа тие , немаше да не има и нас – рече Жугиќ.

Кајмакчаланската битка се водеше од 12 до 30 септември 1916 година помеѓу српските и бугарските сили во рамките на Битолската офанзива. Стратешки поставена на врвот на планината Ниџе (2.524 м.н.в.), оваа позиција важеше за клучна точка за контрола врз Пелагониската Котлина и патот кон Битола. Главниот товар во повеќенеделните борби го поднесе Дринската дивизија, предводена од полковникот Крста Смиљаниќ, заедно со доброволечките одреди на војводата Вук. Борбите се водеа на екстремна надморска височина, под жестока магла, ледени ветрови и снег, а војниците поради плиткиот слој земја градеа заштитни барикади од камени плочи. Врвот неколку пати преминуваше кај едната или другата војска. По 18 дена непрекинати и сурови борби, на 30 септември 1916 година, српските сили дефинитивно овладеа со врвот. Во оваа операција српската армија претрпе огромни загуби . Околу 5.000 војници беа загинати, ранети или исчезнати, од кои најголем дел од составот на Дринската дивизија.

Овде покажуваме дека сме достојни наследници на војничките јунаци, рече во своето обраќање министерката за работа и социјални прашања на република Србија Милица Џурџевиќ Стојковски. „Срцето на нашите дедовци остана на Кајмакчалан  кадешто се отвори „Капијата на слободата“ , а нивнаа душа остана во татковината во која никогаш не се вратија. Гробиштата се светилиште и место жртвеник, но и доказ за нашето вечно братсво , меѓу македонците и србите , за кое зборуваме комплетно слободно без разлика какви реакции ќе доаѓаат од различни страни , затоа што ние еве 110 години подоцна сме пред ситуации да треба да се воздржуваме кога говориме дека едни на други сме си најблиски и дека зборуваме за нашатља солидарност, заедничкото минато, а јќе се осмелам да кажам и за нашата заедничка сегашност. “

По денешниот прв комеморативен чин одржан во 14:30 часот, програмата продолжува вечерва во 19:00 часот, кога во КИЦ Офицерски  во Битола ќе се одржи свечена Академија насловена „110 години од Кајмакчалан“. Утре, среда (30 септември), одбележувањето продолжува на самиот планински врв Ниџе. Делегациите и посетителите ќе заминат кон Кајмакчалан преку Р. Грција во раните утрински часови (меѓу 06:30 и 07:00 часот). Централната церемонија  традиционално е закажана за 11:00 часот кај спомен-капелата „Свети Петар“.