Најголемиот национален натпревар за млади иноватори „Средношколец милионер“ го има своето второ издание. Во моментот е во својата втора фаза, гласањето за идеите преку нивната страница milioner.mk/vote
ITERLY , паметен туристички агент е бизнис идејата со која настапува тимот од пет битолски средношколци од СОУ „Јосип Броз Тито“.
Водени од желбата да го направат патувањето полесно и подостапно, овој иновативен тим развива AI-планер и дигитален туристички водич кој со помош на вештачката интелигенција креира персонализирани планови според желбите, интересите и буџетот на секој корисник.
Апликацијата ги обединува планирањето на патувањата, пребарувањето летови и понудите од туристичките агенции сè на едно место!
Идејата произлегува од нивните лични искуства со неточни информации, долго пребарување и пропуштени можности. Токму затоа одлучиле да создадат паметно решение кое ќе го претвори секое патување во полесно и поубаво искуство.
Нивната визија: помалку време за пребарување, повеќе време за незаборавни доживувања!
Гласајте за Маргарита Велјановска, Огнен Петровски, Мила Кадинска, Илина Мојанчевска и Марта Јовановска.
Име на идејата: Iterly
https://milioner.mk/vote/9ea19c14-6cd8-4d3a-b60a-8807840a24bf
ИНТРОН
Современите објекти секојдневно трошат многу повеќе електрична енергија отколку што е реално потребно. Токму тука настапува иновацијата на Димитар Мегленски и Кемал Исмаил од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“. „Интрон“ е паметен систем за целосна автоматизација, кој ги поврзува сите технички инсталации во една зграда – осветлувањето, греењето и ладењето – во еден единствен интелигентен систем.
И овој тим влезе во 120те најдобри млади иноватори на националниот натпревар „Средношколец милионер“. Нивната бизнис идеја „Интрон“ е паметен систем за управување со згради кој преку сензори, вештачка интелигенција и мобилна апликација: Ги намалува сметките за електрична енергија, Овозможува целосна контрола на објектите преку телефон, Ја штити животната средина.
Гласајте и за Димитар Мегленски и Кемал Исмаил. Името на идејата е ИНТРОН.
https://milioner.mk/vote/cb03cc0d-d98e-4de7-a8ba-d7cc6990f714











