ТЕРА

REKLAMA???

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАНА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА

Вакцинацијата е основа на современото јавно здравје и, не само што ги штити поединците, туку и ги зајакнува заедниците, спречува повторно појавување на болести и обезбедува поздрава иднина за сите.  Оттука , денеска во градскиот парк Здравствениот Дом организираше средба со граѓаните на која ги информираа за важноста на вакцинацијата.

Јавнатa здравствена установа Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ – Битола  денеска во градскиот парк го изведе традиционалниот настан за промоција на вакцинацијата како еден од најважните сегменти во организирањето на здравствената заштита на населението. Со нас зборуваше  Д-р Хелга Павловска, Спец. педијатар во службата за превентивна здравствена заштита за мали деца и деца во предучилишна возраст.

Вакцините се технологии што помагаат да се заштитат луѓето од развој на болести. Од пронаоѓањето на првата вакцина, против сипаници, вакцините значително ја намалија преваленцата на болести насекаде во светот.  Многу автори на различни истражувања се занимавале со проблемот на заразни и други преносливи заболувња кои влијале врз човештвотот. Па така еден од економистите и филозифите на модерното време Макс Розер кој на Оксфорд ги анализира глобалните проблеми констатира:  „Нашата историја е битка против микробите: ужасно изгубивме пред науката, јавното здравство и вакцините да ни дозволат да се заштитиме“. Прашавме зошто

Табеларниот приказ од Светот во статистика ги анализира смртните случаи предизвикани од болести кои може да се превенираат со вакцина од 1980 година наваму. На листата им се Дифтерија, Тетанус, различни сипаници , Туберкулоза, Жолта треска, Хепатитис, менингитис и цервикален карцином.

Кај нас бројките флуктуираат,  посочуваат на колебливост во спроведувањето на политиките односно почитувањето на законската регулатива. Сведочиме и на појавување на Туберкулоза, и на мали сипаници и голема кашлица – болести кои само почитување на вакциналниот калентар се искоренуваат или се со мала присутност.

Животот на новороденчињата во нашата држава започнува со заштита од Туберкулоза, а на листата е уште и хепатитис, полиомиелитис, дифтерија, тетанус, голема кашлица, мали сипаници и рубеола, заушки.