Вечерва на плоштадот Магнолија во Битола се одржа општ семакедонски Собор за заштита на семејните вредности.

Семејството е еден од најважните столбови на едно здраво и нормално општество, наше е да го негуваме и заштитеме, беше речено од страна на организаторите, Македонското обединувачко движење од Битола.

„Целта на соборот е да го дигнеме јасно и гласно гласот против изопачените човечки вредности кои ни ги наметнуваат преку медиумите, социјалните мрежи, законодавтсвото, а со тоа и образованието.Тука сме да ги заштитиме нашите семејства, нашите деца човештвото од изумирање. Семејството пред се! Ќе ги штитиме нашите семејства по секоја цена. Ќе го штитиме нашиот пород и ќе градиме иднина за неродените и тоа онаква каква што човештвото заслужува“, рече во своето обраќање Драгана Спасевска.

Пред присутните со благослов на митрополитот Петар се обрати Протоереј Златко Костовски .

Ваков Собор беше најавен и за во Скопје.






Повеќе за ова во утрешниот Актуел на Тера во 16.55 и 20.55 часот.












