Утрово измерени: -3 Берово, 0 Лазарополе, 1 Битола, 2 Струмица, 3 Крива Паланка, Тетово, Штип, Маврови Анови, Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, Прилеп, 5 Охрид, Претор, Демир Капија, Крушево, 6 Виница, Велес, Кавадарци, 8 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 9 Гевгелија.
Во текот на ноќта се задржа претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер.
Утринава е сончево а во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.
Времето денеска, наутро во дел од котлините со појава на магла или ниска облачност.
Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Битола максимални 20 степени Целзиусови.












