ТЕРА

REKLAMA???

ВО ДЕНОВИТЕ ОД ПРАЗНИКОТ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури од 9 до 18 степени.

В четврток сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури од 17 до 24 степени.

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

Во деновите од викендот температурите ќе се движат од 14 до 20 степени.