ТЕРА

REKLAMA???

ВО ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ ДЕЛОВИ ОД ИНДУСТРИСКИОТ ПАТ ПОД ВОДА

Врнежите кои деновиве го зафатија и битолскиот регион предизвикаа проблеми во движењето на индустрискиот пат.

Граѓаните се жалат дека подолго време бараат санација на оваа делница, бидејќи при секој поголем дожд проблемот се повторува.

Поради насобирање на водата, чие ниво варира зависно од обемот на врнежите, за возилата е тешко одвивањето на сообраќајот.

Апелираат конечно да се реши проблемот.