ТЕРА

REKLAMA???

ВО КИНА СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА НА ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ КОВИД МЕРКИТЕ

Во неколку големи кинески градови распоредени се голем број полицајци за да ги спречат протестите што ја зафатија земјата во последните денови поради политиката на нулта ковид и ограничувањата на слободата.

На улиците на главниот град Пекинг и другите поголеми градови, како Шангај, Гуангжу и Хангжу, зголемен е полицискиот контингент.

Безбедносните сили сè повеќе ги запираат случајните минувачи и ги проверуваат нивните телефони за сомнителна содржина или софтвер, вклучително и ВПН што може да се користат за заобиколување на цензурата на интернет.

Во финансискиот центар на Шангај, беа подигнати бариери долж патот Вулумуки за да се спречи да се соберат големи толпи, како што се случи во текот на викендот. Си-ен-ен објави видео на кое се гледа судир меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу, на југот на земјата.