ТЕРА

REKLAMA???

ВО НАЈАВА ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР

Битолскиот Народен театар годинава одбележува 80 годишно постоење. Претставата „Ѓоре Магаревски- 80 години потоа“ синоќа се одржа во чест на светскиот ден на театарот, а за утре пак е најавена промоцијата на монографијата „80 години Народен театар Битола“.

Младите македонски и битолски актери Ана Грамосли и Никола Стефанов на публиката којашто синоќа беше во театарот им ги пренесоа светската и македонската порака за Светскиот ден на театарот.

Трите видувања од тројца режисери на познатата едночинка од Владо Малески е цела претставата „Ѓоре Магаревски-80 години потоа“. Режисерите Благој Мицевски, Софија Ристевска-Петрушева и Јован Ристовски , со комплетниот ансабл на театарот оваа претстава ја направија во чест на 8 децениското постоење на битолскиот театар. И синоќа ја насмеаја публиката со профилирањето на Македонецот кој низ своите беспаќа се обидува да мине лесно негирајќи ги своите корени.

За корените на битолскиот театар за утре, 29 марти во 12 часот во големата сала на НТБ  е најавена промоција на монографијата “80 години Народен театар Битола“ од носителот на 4-то неомвриската награда за 2018 година- проф. Д-р Иван Додовски.

„Напишана на 310 страници, книгата содржи и прилози за претстави, гостувања, награди, ангажирани режисери, актери, сценографи, костимографи и за сите други творци што оставиле печат во осумдецениското траење на овој театар. Оваа публикација е значајно сведоштво за еден растеж и за достигнување на врвни уметнички вредности што станале неизоставен дел од македонската културна меморија.“- велат од тимот за односи со јавност на битолскиот театар.  За монографијата ќе зборуваат промоторите проф. Д-р Мишел Павловски и проф.Д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а во подготовката на ова дело кое уште еднаш го потврдува и документира контиунитетот на Битолскиот театар се вклучија и проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. Д-р Мишел Павловски како рецензенти, Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ како уредници и стручен тим од Народниот театар во Битола.

Рецензенти на ова монографско издание се проф. д-р Сузана Киранџиска и проф. д-р Мишел Павловски, уредници се Билјана Крајчевска и Оливера Павловиќ, лектор Жаклина Атанасова, а во прибирањето на податоците и во подготовката како стручен тим од Народиот театар во Битола учествуваа: Стеванка Вељановска, Билјана Вржовска, Сашо Илковски, Марија Козарова, Билјана Крајчевска, Александар Митровски, Филип Ошавков, Оливера Павловиќ и Владимир Переловски.