В среда на 15-ти октомври во фоајето на Центарот за култура во Битола со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии „Чоканче“.
За рок приказната што ја напишаа членовите на „Чоканче“, од првиот настап на 12 март 1983 година на „Рок Парадата“ во салата на кино „Партизан“, па сè до денес, разговараме со Бранко Шпољариќ-Паљач, кој вели дека нивна желба е повторно да засвират онаму каде што започнаа во некогашното кино „Партизан“ кое е во фаза на реконструкција.
„Донесете ги децата, донесете ги внучињата на рокенрол“, порачуваат од „Чоканче“.