ТЕРА

REKLAMA???

ПОПОВСКИ: ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД УКЛО ЗАПИШУВА ПОВЕЌЕ СТУДЕНТИ

На централнатa манифестација по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание, која се одржа во Прилеп, присуствуваше и претседателот на Сенатот на битолскиот универзитет, Проф. д-р Филип Поповски.

„И универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола се приклучи на прославата на 11-ти Октомври-Денот на народното востание, кога пукна првата пушка во Прилеп, местото каде што пред 101 година започна со работа првата единица на современиот универзитет „Св.Климент Охридски“ Битола и тоа единицата за тутун во Прилеп. Затоа ние ќе ја продолжиме борбата за нашата слобода, меѓутоа не со пушки, туку со наука и едукација“ рече професорот Поповски.

Прашавме и за зголемувањето на бројот на запишани студенти и за ланската и за оваа академска година.

„Работата со универитето течи одлично. Втора година по ред запишуваме повторно повеќе студенти од претходната година. Тоа е добар повод градот Битола да оди напред и напред во иднината“ рече Поповски.

Колку за студентите е привлечна Колорс алијансата, алијанса каде има повеќе европски универизтитети и каде има големи можности за нашите студенти.

„Премногу. Членството во Колорс алијансата помага премногу. Тоа студените го гледаат, го осознаваат, шетаат, меѓутоа што е најбитно се враќаат тука во Битола, да го продолжат своето студирање и да ни останат еднаш за секогаш“ вели претседателот на Сенатот на УКЛО.

Инаку Поповски е носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за советот на Општина Битола.