Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат објавените проекции на Одделот за економски и социјални прашања на Обединетите нации.
Според истите податоци, до наредната година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.
Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година.
Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година.
Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.












