ТЕРА

REKLAMA???

ВО „ПЛОДНОСТ“ СЕ НАДМИНУВААТ БИОЛОШКИТЕ ГРАНИЦИ

Покрај бројните успешни ин-витро фертилизации коишто ги прави Болница Плодност, деновиве информираа и за уште еден успешен третман на неплодност кој вклучил повеќе интервенции за чијашто потреба дијагнозата ја направиле токму тука. На свет ја донесоа Доротеа, а нејзината мајка има 56 години.

Деновиве веста дека 56 годишна Сребинка којшто живее во Германија стана мајка вирално се прошири на Балканот, а доаѓа од Битола – од Болницата Плодност. Ова не е првпат, бројни се ваквите примери кога парови во поодмината возраст стануваат родители, и првпат добиваат дете. Фактот дека повозрасната родилка јавно се заблагодари, го искористивме за малку стручен разговор со прим. Д-р Таше Трпчевски.

Првиот преглед покажал дека 56те години живот и обидите за сопствено дете го сториле своето, па по направените соодветни медицинско-технички дијагностички испитувања се поставиле неколку дијагнози и соодветен третман со подготовка на 56 годишниот организам да го износи имплантираниот ембрион.

На фејсбук страната на Плодност повозрасната сега мајка напиша:

„Честитки за уште еден успех.  Малата Доротеа се роди малку рано – 15 дена пред предвидениот рок за породување. Но во ред е, најважно е бебето да е здраво и да добие 10 … Германците останаа без зборови од 56-годишна жена која за прв пат успешно се подложи на ИВФ. Честитки за вас и за целиот тим.

Сè уште се опоравувам, но кога ќе бидам подготвен ќе се пофалам јавно, ако се согласувате. Цело време бев во контакт со биолози, кои исто така ми значеа многу, особено со Горан и Стефан, со кои често разговарав и кои ми беа голема поддршка.

Голем поздрав и благодарам за оваа среќа“ – напиша меѓу другото новата мајка.

Д-р Трпчевски уште вели „Нејзината ќерка која го носи името Доротеа што значи „дар од Бога“, се роди здрава и жива како резултат на вербата и трпението на нејзините родители и нашиот заеднички труд, што е уште еден доказ дека возраста не секогаш е граница кога науката и нашето долгогодишно искуството се тука.“