Денеска во посета на Општина Новаци гости и како што велат, веќе долгогодишни пријатели од збратимената општина Хрпеље Козина, Р. Словенија.

Делегацијата составена од пет члена, советници и администрација, предводена од градоначалничката Саша Ликавец Светелшек најпрво оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, следуваше седница на Советот на Општина Новаци, а беа во посета и на детската градинка „Бамби“ и основното училиште ,,Славко Лумбарковски” во Новаци.

„Ова долгогодишно пријателство помеѓу двете општини Новаци и Хрпеље Козина трае повеќе од десет години. Ваквите средби се многу корисни за размена на искуства од делокругот на работа на локалните самоуправи во двете земји, продлабочување на можностите за соработка и негување на меѓусебното пријателството“ велат од Општина Новаци.
















