ТЕРА

REKLAMA???

ВО СЛОВЕНИЈА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПАРТИЈАТА НА ГОЛОБ

Роберт Голоб и неговата партија Движење за слобода се убедливи победници на вчерашните парламентарни избори во Словенија и ќе можат брзо да формираат нова влада со само уште една или две партии, покажуваат официјалните резултати по пребројани над 99,7 отсто од гласовите.

Прaтеници во новиот состав на 90-члениот парламент, каде 88 се бираат од листите на политичките партии и двајца од две национални малцинства, добија само пет партии кои го поминаа прагот од 4 отсто.

Партијата на Голоб освои 35,54 отсто од гласовите и 41 пратеничко место, што досега никому не му успеало во историјата на словенечката демократија, а претставува одраз на групирањето на левичарски гласачи кои се спротивставија на десничарската влада на Јанез Јанша.

Втор најголем број гласови на вчерашните избори го доби Словенечката демократска партија (СДС), на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој веќе го призна поразот.

Неговата партија освои 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички места, едно повеќе отколку на изборите во 2018 година.

Голоб е електроинженер и вонреден професор на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Љубљана. По завршувањето на докторските студии, тој се дошколува во Атланта на Технолошкиот институт во Џорџија како Фулбрајт стипендист. 

Голоб бил и државен секретар во Министерството за економски прашања на Словенија, основач е на Лабораторијата за енергетски стратегии и бил раководител на многу проекти во електроиндустријата.

Основач е на претпријатието  ДОО Истрабенз Горење. Бил потпретседател на партијата Позитивна Словенија.