ТЕРА

REKLAMA???

ВО ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ЕВАКУИРАНИ ВОЈНИЦИ ОД ЧЕЛИЧАРНИЦАТА АЗОВСТАЛ

Повеќе од 260 украински војници вчера беа евакуирани од Азовстал, челичарницата во југоисточниот украински пристанишен град Мариупол, кој со недели е под опсада.

Украинското Министерство за одбрана најави евакуација откако еден од командантите на баталјонот Азов, украинската воена единица која е заробена во челичарницата, сигнализираше можен крај на опсадата.

Украинската заменик-министер за одбрана Хана Маљар рече дека 53 „тешко ранети“ војници биле пренесени во болница во Новоазовск, додека други 211 биле евакуирани преку хуманитарен коридор до друга локација.

Не е познато колку војници останале во фабриката за челик – се верува дека има околу 600 – а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека „се надева дека ќе ги спасат нивните момци“.

„ На Украина ѝ се потребни живи херои. Тоа е нашиот принцип“ истакна тој во видео обраќањето.

Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го спомна предавањето.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека е постигнат договор за евакуација на ранетите украински војници од блокираната фабрика Азовстал во Мариупол.