Украинските власти соопштија дека пронашле масовна гробница со 440 тела во североисточниот град Изјум кој пред неколку дена беше ослободен од руските сили.
Во гробницата има и тела на луѓе убиени од гранатирањата и воздушните напади.
„Некои загинале од артилериски напад, некои од воздушните напади“, изјави за „Скај њус“ полицискиот истражител Серхи Болвинов.

Информацијата го потврди и главниот полициски истражител за регионот Харков, во којшто припаѓа и Изјум.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Изјум во средата, а како што јавуваат медиумите денеска во градот треба да влезат и новинари.
„Сакаме светот за дознае што навистина се случува и до што доведе руската окупација. Буча, Мариупол и сега, за жал, и Изјум. Русија насекаде остава смрт и мора да одговара за тоа“, изјави Зеленски.












