ТЕРА

REKLAMA???

ВО ФРАНЦИЈА НОВИ ШТРАЈКОВИ ПРОТИВ ПЕНЗИСКАТА РЕФОРМА

Синдикатите во Франција денеска ќе организираат нови демонстрации и штрајкови во акција против пензиските реформи, кои се очекува да бидат меѓу најмасовните од почетокот на протестите во средината на јануари.

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија.

Огромното мнозинство Французи се „непријателски“ расположени кон оваа реформа бидејќи ја сметаат за „неправедна“, особено кон работниците на тешки работни места.

Владата тврди дека промените се неопходни за францускиот пензиски систем да излезе од дефицит до 2030 година.