ТЕРА

REKLAMA???

ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ АЛПИНИСТ ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО

Денес на споменикот на Димитар Илиевски на „Копанки“ 36-ти традиционален Планинарски Марш – Димитар Илиевски- Мурато беше положено цвеќе од претседателот на ПСК „Пелистер“ Димче Попов, членови од клубот и директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Димитар Илиевски – Муратот (роден на 29 септември 1953 година во Битола) беше првиот Македонец што го искачи Монт Еверест, највисокиот врв на светот. Тој го достигна врвот на 10 мај 1989 година како дел од југословенската експедиција „Еверест ’89“, предводена од Јован Попоски. По искачувањето, Димитар не се врати во ниту еден од камповите и официјално се води како исчезнат, велат од ПСК „Пелистер“.

Илиевски беше активен член на планинарското друштво „Пелистер“ од 1968 година. Учествуваше во неколку значајни експедиции:

Aнди ’82 – искачување на врвовите Уаскаран и Уалка Уалка во Перу.

Памир ’84 – искачување на врвот Комунизам во Памир.

Манаслу ’86 – искачување до 7.500 метри на Хималајскиот врв Манаслу.

Покрај алпинизмот, беше и вешт скален качувач, со бројни премиерни искачувања во Македонија и пошироко .

Во чест на неговиот подвиг и трагична судбина, секоја година во мај се организира традиционален меморијален марш на „Пелистер“.

На „Пелистер“ е поставен и споменик во негова чест. Исто така, планинарски дом во негова чест „Димитар Илиевски – Мурато“ кај Големото езеро – 2218 м.в.в., НП Пелистер

Во Битола, неговиот роден град, една улица е именувана по него, а на неа се наоѓа и куќа која е културно наследство.

Димитар Илиевски – Муратот останува симбол на македонскиот алпинизам и инспирација за идните генерации, велат од ПСК „Пелистер“.