ТЕРА

REKLAMA???

ВТОРА ВЕЧЕР НА БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД

Како дел од програмата на Битолското културно лето, во тек е 21 Интернационален младински арт фестивал „Битола отворен град“. 

Втората вечер на Битола отворен град во музичкиот дел беше исполнета со BERRYQYAT B2B DEJAN DEX, а беше промовирана и книгата „ВО ДИЈАЛОГ, Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021)“.

Во книгата се поместени сублимираните транскрипти од презентациите и разговорите со десет македонски визуелни уметници, пет видео уметници од Македонија и регионот и пет македонски дизајнери.

Преку овие презентации и разговори сo истакнати автори, се настојува да се даде  придонес во поголема промоција како и генерациско поврзување, што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена.