Попладнево во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше реализирана ждрепката за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига која сега ќе биде единствена со 16 екипи.
На стартот од новата сезона Пелистер почнува со гостување против Кожуф во Гевгелија. ж
Прво коло:
Кожуф – Пелистер
Аресими – Вардар
Пехчево – Гостивар
Охрид – Тетекс
Детонит – Беласица
Караорман – Воска Спорт
Саса – Беса
Борец – Слога Виница
Првото „вечно“ дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра на 26 ноември во Битола.












