Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе положи заклетва на вонредната седница на Собранието на Србија, со која ќе започне уште еден петгодишен мандат.
Александар Вучиќ по вторпат беше избран за претседател во првиот круг од изборите на 3 април, кога освои 2 224 914 гласа, што е околу 59 отсто.
Тој ќе положи заклетва во 11 часот пред стариот состав на собранието бидејќи сè уште не се објавени конечните резултати од парламентарните избори одржани на 3 април 2022 година.
Вучиќ заклетвата за својот прв мандат ја положи пред точно пет години, на 31 мај 2017 година.












