Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград успеал во договорот со Приштина да извлече најдобро можно, наведувајќи дека тој дел од договорот е устен, пишува Радио Слободна Европа.
По заедничката вежба на припадниците на полицијата и војската Вучиќ изјави дека договорот со кој Србија укинува издавање на излезно- влезни документи за луѓето кои имаат косовска лична карта, а Косово не воведува за оние кои имаат српски лични карти е устен, заштоа што пишаниот договор е потпишан во 2011 година.
„Поради таа одлука, на никој не му е тешко, на сите им е лесно, “ изјави Вучуќ.
Владата на Косово најави дека од први септември ќе ја спроведе одлуката за пререгистрација на возилата со српски таблици РКС – република Косово, како и одлуката за издавање на излезно – влезни документи на граница.
Претходно обидот за спроведување на таа одлука, наиде на блокади од локалните Срби во северниот дел на Косово.












