ТЕРА

REKLAMA???

ВУЧИЌ СЕ НАДЕВА НА КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ СО ПРИШТИНА

Српскиот претседател Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за (регистрациските) таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне“, jави Бета.

По неуспешните преговори во Брисел, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, ги посетија Приштина и Белград во обид да постигнат договор до 1 септември меѓу Белград и Приштина за регистерските таблички и влезно-излезни документи.

Специјалниот претставник на САД за Балканот Габриел Ескобар изјави дека состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ бил тежок и долг.

Амбасадата на САД во Србија на Твитер објави дека Ескобар „ја цени посветеноста на српскиот претседател на мирот и стабилноста“ и дека разговорите ќе продолжат.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по средбата со српските претставници во северниот дел на Косовска Митровица изјави дека тој и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар разговарале за сите важни теми и дека средбите биле мошне важни. Добри опции се оние кои го чуваат мирот и нормалната атмосфера на теренот, рече Лајчак.