Општината Новаци се наоѓа на надморска височина од 580 метри. Климата на подрачјето на општината е умерено-континентална, со одредени специфичности – според температурните вредности е континентална, а според врнежите е до извесен степен медитеранска.

Жешките лета во средините во кои живееме не тераат да побараме ладовина, а мариовскиот регион во Општина Новаци има планиска клима, додека по течението на Црна Река се чувствува влијанието на медитеранската клима.

Подрачјето на општината опфаќа делови од планините Ниџе (со врвовите Кајмакчалан на висина од 2520м, Ниџе на висина од 2361м и Добро Поле на висина од 1815м), Селечка планина и Дрен. Реки кои проаѓаат низ општината се: Црна Река, Градешка Река, Бела Река, Елешка Река, Коњарка, Сатока и други.

На слободната енциклопедија може да се прочита дека Коњарска Река или Коњарка е река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Реката извира на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан, на надморска височина од 2.260 м. Нејзиното корито е насочено кон запад, а целиот нејзин слив е образуван во шумски предел. Во Црна Река се влева од нејзината десна страна под ридот Врх на надморска височина од 550 м Вкупната должина на реката изнесува 15 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 63 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив.
Реката извира на надморска височина од 2.260 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 550 м, така што релативниот пад изнесува 114 ‰ и се вбројува како еден од најголемите во Македонија.

Во непосредна близина на вливот на Коњарска Река во Црна Река, на оддалеченост од 38 км од Битола, се наоѓа излетничкото место „Коњарка“. Тоа било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.

Ете тука на ова излетничко место, за кое да биде уредено и средено се грижи општинското јавно комунално прерпријатие на Новаци в недела на 24 август со почеток во 10 часот ќе се одржи музички излет во природа, на локацијата на спортско рекреатривниот парт Коњарка.

Градоначалникот на општината Стевче Стевановски ве поканува на на едно прекрасно доживување во природа исполнето со музика, дружба и позитивна енергија.
„Да ја почувствуваме убавината на нашиот крај и заедно да уживаме во звуците на музиката под отворено небо. Локални музичари и изведувачи ќе се погрижат овој ден да биде незаборавен. Не пропуштајте – понесете добро расположение и дојдете да го споделиме ова уникатно искуство! е неговата покана“ вели Стевановски.












