Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски најави дека во петок во 10 часот ќе се одржи акција за пошумување на Крушевско Езеро, покрај новоизградениот пат.
„Крушево е наша обврска, ова е местото кое најмногу го сакаме и тука живееме. Затоа, да покажеме свесност и емоција за нашиот град и да се приклучиме на акцијата за пошумување“ вели Христоски.












