На 23- ти мај в понеделник започнува 41-то издание маѓународниот детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“во организација на детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“, Битола.

И овојпат, според Елена Хаџиантоновска, достојно ќе се прослави годинешното издание.

„Оваа година на конкурсот беа пристигнати 22.500 ликовни творби, а меѓународното стручно жири одбра 777 најуспешни творби и ја додели Гран при наградата за ателјето Вејсел Аџар од Трабзон Турција, како и 3 специјални награди за училишта од Словенија, Романија и Унгарија. 7 дена ќе трае фестивалот, еден ден во Охрид, а на 25 мај ќе бидат во селото Буково каде ќе ја сликаат арихитектурата“ вели таа.

Свеченото отворање на фестивалот ќе започне со пригодна програма од 21 часот на платото пред Детското ликовно студио во старата битолска чаршија.
Следниот ден ќе се одбележат патроните Св Кирил и Методиј, а потоа следува изложба и доделување на наградите.
Програмата ќе се одвива од 23- ти до 30- ти мај кога е прогласувањето на најдобрите дела и свеченото затворање на фестивалот.
Малиот битолски Монмартр е поддржан од Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Општина Битола, приватни компании и долгогодишните соработници.












