„Рајски вкусови приготвени со љубов“, е мотото под кое една гастрономска оаза функционира во срцето на Битола. Се работи за Elysium kitchen and bar, место кое е совршено за дружење во нашиот град. Нивниот пријателски персонал ќе ви помогне да изберете храна и пијалоци и ќе направи да се чувствувате како дома. Ова ќе биде омилено собиралиште на секој опуштен гостин.Elysium kitchen and bar стана дел од урбаната средина на Битола- место за деловни ручеци, почетна точка за вечерни излегувања, место за средба на пријатели и познаници. Долгогодишната семејна традиицја во обработка и продажба на месо е основата за започнување со оваа гастрономска приказна во која заедно со посетителите уживаат и сопствениците и целата екипа на Елисиум.Царство на добри вкусови, необични специјалитети подготвени од свежи и квалитетни состојки по уникатни рецепти .
Поставуваат светски стандарди во гастрономијата со висококвалитетни локални состојки, со што создаваат јасно препознатлив спој на различни меѓународни кулинарски искуства измешани со низа локални културни гастрономски влијанија обликувани од природните ресурси.
Нивното мени се заснова на аромите и вкусовите на интернационалната кујна со медитерански примеси до надалеку препознатливата македонска кујна. Прочистените и јасни вкусови, претставени на природни текстури, се заштитен кулинарски печат на Елисиум.
Ова е место кое овозможува уникатно гурманско искуство, почнувајќи од препознатливите македонски чорби и супи, секаков вид на салати, пасти, рижото, се до главните јадења составени од специјалитети со секаков вид на месо, до риба и морска храна, скара, различни видови на пици, пити, до вкусните десерти. Со сето ова Елисиум гради визионерска приказна и предизвикува љубопитност и вистинска почит.
Ресторанот останува верен на првичната идеја за постојано прикажување на бескрајните можности на гастрономијата низ својот свет. Внатрешноста на Елисиум зрачи со опуштени и модерни тонови и неговиот капацитет го прави совршено место за уживање, за секоја пригода. Секое од јадењата раскажува приказна преведена во поезија на вкус со мелодија на ароми подготвени со многу љубов, која ја чувствувате и се восхитувате во вашето омилено јадење.
Како и менито, така и нивната винска листа, како и секаков вид на алкохолни и безалкохолни пијалоци, постојано се ажурира и го одразува изборот на најдоброто на пазарот со широк асортиман на квалитет кои го комплетираат гастрономско искуство во ова место.
Елисиум Kitchen & Bar е вистинска гастрономска оаза каде што во мирна и релаксирачка атмосфера можете да пиете кафе додека разговарате со пријателите, да ручате или да прославите некои важни моменти во вашиот живот, а професионалниот персонал ќе одговори на најпребирливите барања на гостите.
Вршат нарачки и за дома секој ден од 8 до 24 часот,во петок и сабота до 1.Поранешниот Кичен централ сега е ребрендиран и на тоа место опстојува Elysium kitchen and bar. Оваа гастрономска оаза се наоѓа во рамките на хотелот Гранд Централ.