ТЕРА

REKLAMA???

ГАЦОСКИ: ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 14 ПРОЦЕНТИ

Денеска директорот на ЈП Пазари Никола Гацоски со отчет за сработеното за минатата година. Рече дека и покрај специфичните услови за работа во 2022 година успеале да реализираат повеќе проекти.

„Вредно е да се напомене дека на дел од Сточниот Пазар,се отвори нов пазар на големо,целосно опремен,ограден,осветлен простор на околу 4000 м2 постелен со гребен асфалтчини дека е раководството на СДСМ и коалицијата од 2020 год. Исто така започнавме и завршивме со реновирање на делот од градски пазар за продажба на сирење со нови плочки,изменет ентериер,нови тезги со што се подобрија условите на нашите корисници, започнавме со изработка на настрешници на делот за Бижутерија, со што ќе го решиме еднаш проблемот со тие импровизирани материјали кои се врзуваа и даваа лоша слика за пазарот.Од поновите проекти можеме да се пофалиме дека после 50 години обезбедивме нова дигитална вага на Сточен пазар,и истата ја инсталиравме и ставивме во функција за нашите корисници. Ние како раководство тука не застануваме и продолжуваме со нови проекти кои во целост ќе ја подобрат состојбата на сите пазари во Општина Битола“, изјави Никола Гацоски, директор на ЈП Пазари.

Тој рече дека остварените приходи на претпријатието за ланската година бележеле пораст од 14% споредбено со 2021година.

„Спрема завршната сметка може да се забележи дека вкупните остварени приходи за 2022 год,по сите основи,бележат пораст од 14 %спрема 2021 год,или изразено во пари,приходите ни се зголемени за нешто повеќе од 3 000 000 денво 2022,спрема 2021 година.Токму поради ова наше залагање и работење ја намаливме за околу 500 000 ден ,акумулираната загуба наследена од 2020 година“, рече Гацоски.

Го прашавме како ја коментира пофалницата која ја доби тој, а и сите директори на јавните претпријатија од градот за како што тогаш рекоа од опозицијата лошите состојби во кои ги донеле јавните претпријатија.

„Искрено сметам дека циркузот кој што го приредија советниците на СДСМ и коалицијата не е вреден за коментар но штом веќе ме прашавте кратко ќе ви одговорам .Сметам дека името и адресата на таа пофалница е згрешено,и правото место на таа пофалница ми се чини дека е раководството на СДСМ и коалицијата од 2020 год“, изјави Гацоски.

Директорот потенцираше дека и во наредниот период ќе продолжат со реализирање на проекти со цел подобрување на состојбата на сите пазари во Битола.