ТЕРА

REKLAMA???

ГЕНЕРАЛНИОТ КОНЗУЛ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ВО СТРУГА ДЕНЕС ЈА ПОСЕТИ БИТОЛА

„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со Генералниот конзул на Република Албанија во Струга, Петрит Мусај.

На средбата, се разговараше за добрите односи помеѓу двете земји, како и за потенцијалите за соработка на бизнис секторот и можностите за заеднички делувања во културата и туризмот.

Градоначалникот Коњановски, потенцираше дека општина Битола, веќе има воспоставено соработка со албанската страна и во проекти поддржани од програмата за прекугранична соработка, посебно нагласувајќи ја соработката со општините Пустец и Корча.“ – информираат од кабинетот на градоначалникот Коњановски денеска.

Генералниот конзул Мусај нагласил дека оваа соработка мора и понатаму да се зајакнува, заради што ја истакна и својата идна заложба за збратимување на Битола и Корча.

Генералниот конзул е назначен на оваа функција во септември 2024, а неговото делување ги опфаќа општините од југозападниот регион.