На вечаршната седница на Одборот на директори на АД ИССДП за генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола.
Во информацијата објавена на Фејзбук профилот на НСДП се вели дека имајќи го во предвид еден од најважните документи на НСДП „И ТРУДОТ Е КАПИТАЛ – Нова перспектива за работниците️”, Извршниот одбор на НСДП за директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката го предложи претседателот на Синдикатот во АД ИССДП на РСМ.
„Суштината на конгресниот документ: „И трудот е капитал!“ е дека во процесот на производството и управувањето со претпријатијата трудот и капиталот треба да имаат еднаков односно партнерски однос и да бидат исто вреднувани.
Почитувајќи го овој документ, со политичката одлука симболично управувањето на акционерското друштво е во раце на работниците“ стои во објавата на партијата.
Со ова преставува мандатот на Георгиев како советник во Советот на општина Битола, а на негово место е следниот кандидат од советничката листа на СДСМ и коалицијата.












