ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО НОВ ЗЕЛАНД

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека во Окленд, најголемиот град во земјата, кој е погоден од големи поплави, дождот ќе продолжи да паѓа во наредните денови и предупредуваат дека може да се влоши состојбата.

Во Окленд, каде четири лица ги загубија животите во поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, се уште на сила е вонредната состојба.

Вонредната состојба е укината во регионот Ваитомо јужно од Окленд.

Летовите до и од Окленд сè уште доцнат и се откажани, а сите плажи околу градот и училиштето ќе бидат затворени до 7 февруари.