Големи региони на Сиднеј, се под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области, особено во некои предградија каде нивото на водата достигна и до 1,5 метар.
Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс препорача евакуација на жителите од неколку области, предупредувајќи дека дождот ќе продолжи да паѓа.

Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот во областа Сиднеј веќе наврнале четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули.

Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот би можело да се зголеми барем како што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави.













