ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМИ ШУМСКИ ПОЖАРИ ЗАФАТИЈА ДЕЛОВИ ОД ЕВРОПА

Француските власти изјавија дека пожарите досега уништиле 10.000 хектари земја. Француската метеоролошка служба за вчера прогнозираше температури до 41 степен во делови од југот на земјата, а за денеска се предвидуваат нови топлотни рекорди.

Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, додека топлотниот бран не покажува знаци на стивнување.

Властите во Португалија соопштија дека најмалку 238 лица починале од жештините оваа недела.

Од вторникот температурите се искачија на 47 Целзиусови степени во Португалија и над 40 во Шпанија.

Со пожари се борат и во Грција и Мароко.