ТЕРА

REKLAMA???

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ БЕЛГРАД

Силно невреме синоќа зафати делови од Србија. Први на удар беа делови од Западна Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека во Србија ќе има значителна промена на времето, а во вториот дел од денот ќе има и невреме пропратено со обилни врнежи од дожд, град и ветер. Црвен метеоаларм е вклучен во пет региони – Банат, Белград, Шумадија, Поморавље и Источна Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во раните попладневни часови имаше силно невреме во Белград. За кратко време поради големото количество дожд, многу улици беа поплавени, сообраќајот е забавен, а во поединечни делови во прекин е градскиот сообраќај кој се одвива со трамваи и тролејбуси.

Во голем дел од градот падна и град со големина на орев, предизвикувајќи штети на зградите. Силниот ветер корнеше дрвја, носеше контејнери и покриви од неколку куќи, а во одделни делови на Белград извесен период имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија.