Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград.

Во објавите на социјалните мрежи, студентите ги повикаа присутните на протестот да дејствуваат „на мирен и одговорен начин“ за кој упорно повторуваат дека – Целта на ова движење не е упад во институциите, ниту да ги напад „врз оние кои не мислат како нас“.
„Ова движење не смее да се злоупотребува“.
Митингот официјално почна во 16:00 часот и ќе трае до 21:00 часот, но илјадници веќе се собраа неколку часа однапред.
„Заедно да ја разбудиме Србија и да истраеме во борбата не само за студентите, туку и за земјоделците, просветните работници, актери, новинарите, инженерите….Што ги спречува институциите да работат како што треба? Имаа 4 месеци да ги исполнат нашиуте барања, но не ги исполнија. Нашите барања се за функционално работење на нашето опшптество“, беше објавено од говорник студентка на бината поставена на Славија во Белград.

„Само заедно со залагање ќе се реши корупцијата“.
Европската унија и ОН во петокот апелираа до властите пред демонстрациите да го почитуваат правото на протести.
Со недели, демонстрантите предводени од студентите одржуваат митинзи во поголемите градови во Србија.












