ТЕРА

REKLAMA???

ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА МУ ЈА ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА НА ТРАМП

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, му ја честиташе победата на Доналд Трамп, преку социјалните мережи:

„Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција.
Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.
Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели.“ стои во објавата на Претседателката.