ТЕРА

REKLAMA???

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА КАТОЛИЧКИОТ ВЕЛИГДЕН

„Драги сограѓани кои денес го празнувате најрадосниот христијански празник по Грегоријанскиот календар, Ви посакувам добро здравје, мир и благосостојба во Вашите семејства, многу радост и верба во силата на добрината која секогаш излегува победник во сите животни предизвици.

Посакувам, празнувањето на овој светол ден да ви минува со спокој во Вашите души, исполнети со семејна среќа, меѓусебно разбирање и взаемно почитување.

Денешниот голем христијански празник, не потсетува дека, како што Бог ја победи смртта, така, и ние со многу храброст и истрајност можеме да ги надминеме сите тешкотии и да изградиме нови патишта на среќна иднина. Нека доброто биде наш водич низ животот! Честит празник! Христос Воскресна! Навистина Воскресна!“ се вели во честитката на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.