ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИ СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК СЕ ЗАЛЕПИЛЕ НА МРСНА БОЈА

Посетата на градскиот парк кај Саат кулата денеска за неколкумина битолчани завршила со лепливи јакни.

Имено, граѓани се пожалија дека во паркот кај Саат кулата биле оставени даски кои што се уште биле лепливи, бидејќи биле премачкувани со мрсна боја.

Иако бојата се уште не била исушена, тоа не било означено со цел граѓаните да се заштитат од вакви непријатности. Така неколкумина завршиле со измрсени јакни. Како доказ за тоа постираа фотографии од нивната оштетена облека.