ТЕРА

REKLAMA???

ГРЕНДЛАНД ЌЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА, ВЕНС ВО ПОСЕТА НА ВОЕНА БАЗА

Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.

Четири од петте партии избрани во парламентот на Гренланд се согласија да формираат коалиција која ќе има 23 од вкупно 31 место во законодавниот дом.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигнува на Гренланд каде ќе ја посети американската вселенска база Питуфик.

Гренланд има богати наоѓалишта на минерали и се протега на стратешки воздушни и поморски патишта во време кога САД, Русија и Кина се обидуваат да позиционираат на Арктикот.

МИА