Вечерва колони возила на сообраќајниците кои водат кон кружниот тек на Дулие. Таму се изведуваат градежни работи, што пак предизвика и застој во нормалното одвивање на сообраќај. Нервоза кај возачите кои се движеа низ овој дел.

Екипи на „Стентон градба“ работат на овој кружен тек, односно, како што објаснуваат од фирмата изведувач за да може да се направи приклучна лента која води до новопроектираната улица за пристап до тамошниот трговскиот центар, се изведува промена на времениот режим на кружниот тек на Дулие.

Вечерва изведувачот на работи изврши асфалтирање на дел на приклучната лента и други активности неопходни за воспоставување на новиот времен режим.
Половина дел од улицата до трговскиот центар треба да биде готова за десетина дена, а потоа ќе се продолжи со вториот дел од улицата и некаде до средината на следниот месец да биде готов.













