ТЕРА

REKLAMA???

ГУТЕРЕШ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, силно го осудува убиството на Палестинците во израелските напади кои ја погодија болницата Насер во Газа и повикува на брза и непристрасна истрага, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.

Тој рече дека Гутереш истакнал оти цивилите, вклучувајќи го медицинскиот персонал и новинарите, мора да бидат почитувани и заштитени во секое време.

Палестински здравствени претставници соопштија дека во израелскиот напад на болницата Насер биле убиени најмалку 20 лица, меѓу кои пет новинари, спасувачи и здравствени работници.

МИА