ТЕРА

REKLAMA???

ДВА АЕРОДРОМА ВО МОСКВА ЗАТВОРЕНИ ПО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информира дека руската противвоздушна одбрана уништила девет украински дронови насочени кон главниот град околу 4 часот утрово, пренесува МИА.

Руската агенција за цивилна авијација Росавијација објави на Телеграм дека поради безбедносни причини се запрени полетувањата и слетувањата на аеродромите Внуково и Домодедово.

Итните служби биле испратени на местата каде паднале остатоци од соборените летала.