На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола -Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од 37 годишно лице од Битола и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од 29 годишно лице од с.Обршани, Општина Кривогаштани.
Како што соопшти СВР Битола бо несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило и сопатникот од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.
Сопатникот во патничкото возило од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош. Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.












