ТЕРА

REKLAMA???

ДВЕ НАГРАДИ ЗА ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР НА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“

Со изведбата на последната претстава на репертоарот на ,,Гола месечина“, и доделувањето на наградите, заврши годинешното деветтото издание на традиционалниот Фестивал на комедијата.

Откако ги проследи сите  претстави што се одиграа во рамките на Фестивалот, жири комисијата (во состав: Несрин Таир, Ева Скендеровска и Сергеј Димовски) ги донесе и одлуките за годинешните добитници на наградите: Наградата за најдобра режија ја доби Синиша Ефтимов за претставата ,,Да, инспекторе“ (претстава со грешки) на НУЦК ,,Марко Цепенков“ – Прилеп, театар ,,Војдан Чернодрински“ ; наградата за најдобра женска улога ја добива Катерина Чакмакоска за улогата на Пеце од истоимената претстава.

Оваа претстава е работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри и е прва соработка на Ефтимов со Прилепски театар. Претставата е поглед на режисерот на она што денес ни се случува во градот, во државата, во светот.
Во претставата играат Илија Волчески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска- Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска-Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Игор Трпчески, Ангела Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, преводот е на Дарко Јан Спасов, а тон мајстор и дизајнер на звук е Томе Темелковски.

Наградата за најдобра машка улога ја доби Миљан Прљета за улогата на сликарот Даниел Л’Торел во претставата ,,Опасна љубовна игра“ од Бранислав Нушиќ – Театар ,,Славија“, Белград;

– Наградата за најдобра претстава ја добива Народниот театар ,,Иван Вазов“ од Софија за претставата ,,Прекрасна недела за Крев Коер“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Здравко Митков.

Годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ се одржуваше од 25. до 30. јуни и истиот беше во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава на репертоарот беа претстави од Македонија и регионот.  

„Честитки до добитниците на наградите! Се гледаме догодина на јубилејното 10. издание на ,,Гола месечина“, истакнаа организаторите.