Демонстранти го дочекаа францускиот претседател Емануел Макрон со свирежи и повици да поднесе оставка за време на средба со граѓаните, прва откако го потпиша законот за зголемување на возраста за заминување во пензија, а што предизвика големи демонстранции во Франција.
Медиумите пишуваат дека дури и во областа која му е наклонета и гласаше над просекот за него на претседателските избори во 2022, тој беше дочекан главно негативно.
Макрон минатиот викенд го потпиша законот за зголемување на возраста за заминување во пензија според кој граѓаните мора да работат до 64 години, наместо досегашните 62, за да стекнат пензија.












