Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.
Во несреќата загинаа: радиологот примариус д-р Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и Фанче Јованоска, радиолошки технолог.
Одлуката на вонредна седница ја донесе Советот на Општина Прилеп. Согласно оваа одлука знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје. Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината се одлагаат, а угостителските објекти ќе емитуваат сериозна музика.












