ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА Е ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

Денеска ќе биде одржан државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора која на 8 овој месец почина во нејзиниот имот Балморал во Шкотска на 96-годишна возраст. Таа беше кралица од 1952 година.

Нејзината смрт стави крај на најдолгото кралско владеење во британската историја. Погребот ќе се одржи во Вестминстерската опатија, кралска црква во центарот на Лондон.

Британија го прогласи 19 септември за празник во чест на кралицата.

Шефови на држави, политичари и претставници на монархиите од целиот свет пристигнаа во Лондон за да ја испратат британската кралица до нејзиното вечно почивалиште.

Американскиот претседател Бајден, премиерите на Канада, Австралија, Нов Зеланд се меѓу 500 шефови на држави и официјални лица кои што присуствуваат на погребот, што претставува собир на едно место на светски лидери, каков што не е виден со децении.

Македонија на највисоко ниво и оддаде почит на кралицата. На погребната церемонија присуствува претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга.